Мистериозна мумија: Синот на Рамзес Трети бил обесен за завера против фараонот

Египетскиот музеј во Каиро ги изложи мистериозните останки на маж мумифициран со вџасен израз на лицето, погребан во скап саркофаг без обележја, познат како „Мумијата во крик“.

Археолозите и египтолозите по 132 години ја решија мистеријата за оваа мумија што досега се нарекуваше „Непознат Е“.

Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека ДНК анализите покажале дека се работи за синот на фараонот Рамзес Трети кој владеел од 1186 до 1155 година пред н.е.

Трагите на зачуваната мумија покажуваат дека човекот бил обесен и завиткан во овча кожа што Египќаните ја сметале за нечиста.

Папирусите од судските архиви покажуваат дека принцот Пентавер бил осуден на смрт со бесење поради вмешаност во завера за убиство на фараонот.

Тој ковал завера со мајка му Тија, втората жена на Рамзес Трети, да го убијат фараонот за кого не се знае точно дали бил убиен, но постојат индиции дека бил прободен во вратот.

При мумифицирање, се вадат внатрешните органи на трупот и телото се балсамира завиткано во ткаенина.

Меѓутоа, „Мумијата во крик“ била оставена да се исуши завиткана во овча кожа и погребана во скап саркофаг, но без никакви обележја, што укажува дека бил влијателна личност погребана без почести.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе