Мистериозна смрт: Исчезнатата фудбалерка најдена на дното на езерото Комо

Телото на швајцарската фудбалерка Флоријана Исмаили (24) беше најдено неколку дена откако девојката исчезна.

Флоријана беше прогласена за исчезната во саботата кога скокнала од брод во езерото Комо во Италија.

Таа наводно скокнала за да плива, но никогаш не се појавила на површината.

Италијанските спасувачи рекоа дека го нашле телото вчера на длабочина од 204 метри.

„Длабоко сум ожалостен и вознемирен. Тешко ми е да прифатам дека Флори ја нема“, рече селекторот на женската фудбалска репрезентација на Швајцарија Нилс Нилсен.

Флоријана, која деитираше за репрезентацијата во 2014 година, беше и капитен на Јанг бојс.

„Многу сме вознемирени и длабоко погодени“, напиша нејзиниот клуб.

Во дресот на репрезентацијата таа имаше 33 настапи.

„Секогаш имаше насмевка на лицето и сите нѐ инспирираше со нејзината весела природа. Таа беше човек кој се соочува со предизвиците и поставува пример. Можам само да замислам како им е на сите кои ја знаеја Флори подолго од мене. Моите мисли се со нив во овие тешки моменти“, додаде тренерот Нилсен.

„До последен миг се надевав на чудо и сакав со цело срце ова да е само лош сон. Веста силно ме погоди и не можам да ги најтам вистинските зборови во овој миг. Само се надевам дека Флори немала мачна смрт“, изјави нејзината колешка од репрезентацијата Лиа Валти.

Истрагата за мистериозната смрт на Флоријана е во тек и италијанските власти соработуваат со швајцарските колеги во расветлување на случајот.

реклама

Фудбал

Мората се врати во Јувентус, ќе зема 7,5 милиони евра по сезона

Read more

Алисон е голманот кој му ја прекина пенал серијата на Жоржињо

Read more

Властите открија: Суарес мамел на испитот по италијански јазик

Read more

Алтобели: Видал ви е топ, продајте го Ериксен, задржете ги Перишиќ и Наинголан

Read more

Спорт

  • play_arrow

Мората се врати во Јувентус, ќе зема 7,5 милиони евра по сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Алисон е голманот кој му ја прекина пенал серијата на Жоржињо

Читај повеќе

Властите открија: Суарес мамел на испитот по италијански јазик

Читај повеќе

Плејмејкерот на Работнички позитивен на COVID-19

Читај повеќе

Алтобели: Видал ви е топ, продајте го Ериксен, задржете ги Перишиќ и Наинголан

Читај повеќе

Мурињо: Кејн мора да игра против Лејтон Ориент и Шкендија

Читај повеќе
  • play_arrow

Тампа со тесна победа израмни во финалето против Далас

Читај повеќе

Ракитиќ: Не бевме блиски пријатели со Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Сити славеше на незгодното гостување кај Вулвс

Читај повеќе