Астрономи открија мистериозни радиосигнали кои доаѓаат од правец на Млечниот Пат, а кои не се вклопуваат со познатиот образец на променлив радио извор, што би можел да укажува на нова класа ѕвезден објект.
„Најчудното својство на овој нов сигнал е што има многу висока поларизација. Тоа значи дека неговата светлина осцилира само во еден правец, но со времето тој се ротира“, изјави Цитенг Ванг, главен автор на новата студија и професор на Универзитетот во Сиднеј, пишува Science Daily.
Тој наведе дека светлината на објектот, која доаѓа од центарот на нашата галаксија, драматично варира, а сигналот се вклучува и исклучува наизменично.
„Досега не сме виделе такво нешто“, вели Ванг.
Многу ѕвезди емитуваат променлива светлина во електромагнетниот спектар, но сигналите од овој извор не одговараат на тоа што го очекуваме од веќе познатите небесни тела, додава тој.