„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Volkswagen ја најави новата верзија на многу популарниот Golf GTI, кој ќе дебитира за време на трката Nurburgring 24 Hours на 31 мај.

Директорот на Фолксваген, Томас Шафер, на LinkedIn сподели тизер од „новиот“ моќен хечбек, а иако снимката е пикселирана, може да се заклучи дека автомобилот се трка низ зелениот пекол и ја „напаѓа“ Вртелешката (Carousel), најпознатата кривина на легендарна патека.

Малку се знае за овој Golf GTI, но евидентно е дека има малку поинаков преден браник во однос на моделот претставен пред неколку месеци. Тизерот завршува со натпис „50 години Golf“, што доведува до шпекулации дека ќе се вика Edition 50.

По повод 45-тиот роденден на Golf, Volkswagen го претстави GTI Clubsport 45 со нови аеродинамички компоненти, па слично сценарио е можно и со претстојната верзија на Golf.

Како што е познато, Mk8.5 Golf GTI беше претставен на крајот на јануари и е достапен исклучиво со 7-степен DSG менувач, што значи дека веќе не се нуди 6-степен мануелен менувач. Неговиот 2.0-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри е изменет за да развие 265 КС во Европа.

Доколку новата верзија на Golf GTI е навистина Clubsport варијанта, моќта би можела да биде уште поголема. Golf GTI Clubsport 45 развива 296 КС и 400 Nm вртежен момент, така што новиот модел би можел да испорача повеќе од 300 КС.

Исто така, можно е VW да го нападне рекордот во Нирбургринг во категоријата за нов сериски автомобил со погон на предните тркала, круна што некогаш ја држеше Mk7 Golf GTI Clubsport S.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Авто новости

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Read more

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Read more

Како настана првиот пикап на Балканот?

Read more

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Read more
 

Автомобили

  • filter

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Читај повеќе

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Читај повеќе
  • filter

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Читај повеќе
  • filter

Како настана првиот пикап на Балканот?

Читај повеќе

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Читај повеќе

Електричниот Volkswagen Golf GTI ќе биде „чудовиште“

Читај повеќе
  • play_arrow

Во друштво на суперспортските автомобили сега е и De Tomaso P72

Читај повеќе

Скок во продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Падна договор вреден 69 милиони евра меѓу Jeep и Јувентус

Читај повеќе