Мистериозниот објект што ги фасцинира научниците го напушта Сончевиот Систем

Оумуамуа, првиот познат меѓуѕвезден објект што пристигна во нашиот Сончев Систем, ги фасцинираше научниците и астрономите ширум светот со својот изглед. Сега овој мистериозен објект ја помина орбитата на Плутон и е на пат да нè напушти засекогаш.

Кога Оумуамуа влезе во нашиот Сончев Систем во 2017 година, астрономите 11 дена собираа податоци за овој чуден објект што ја подели научната заедница, а ширум светот одекна веста дека некои од нив не ја исклучуваат можноста дека се работи за вонземско создание. Еден од тие научници, кој е предводник на оваа идеја, е Ави Леб, професор на Универзитетот Харвард.

На прв поглед, оваа теорија изгледа малку веројатна, но Леб претстави неколку многу интересни факти.

Оумуамуа влезе во нашиот Сончев Систем од правец на ѕвездата Вега, која е оддалечена 25 светлосни години, а работите станаа многу интересни додека поминуваше покрај Сонцето. Наместо да забавува додека се оддалечува од нашата ѕвезда, како што прават другите објекти во вселената под влијание на силната гравитација, Оумуамуа всушност забрза и ги остави научниците во стравопочит.

Потоа, тука е и прашањето за крајно необичната композиција и форма на овој објект, тврди Леб. Многу астрономи ја споредиле неговата форма со облик на томпус, а проблемот со тоа е што шансите природно да се постигне оваа геометрија се толку мали, што „вклучи многу црвени светла“. Истиот проблем се јавува и со материјалите од кои е направен Оумуамуа. Леб тврди дека тие рефлектирале премногу светлина за да бидат парче типична вселенска карпа или мраз.

Леб призна дека може да биде доста голем предизвик да се разбере неговата теорија.

„Некои луѓе не сакаат да зборуваат за можноста таму да постојат други цивилизации. Тие веруваат дека ние сме посебни и единствени. Мислам дека тоа е предрасуда што треба да се напушти“.

Се разбира, многу научници не се согласуваат со Ави Леба, но од неговото откритие во 2017 година, Оумуамуа остана мистерија за научниците и не е постигнат значителен напредок во разбирањето на овој објект, но едно е сигурно - Оумуамуа патува исклучително брзо.

Кога овој меѓуѕвезден објект бил најблиску до Земјата, се движел со брзина од 87,3 километри во секунда. Тоа е три пати побрзо од просечниот објект во астероидниот појас, 109 пати побрзо од куршумот и само 0,017% од брзината на светлината.

И покрај неговата голема брзина, Оумуамуа дури сега, пет години подоцна, го напушта нашиот Сончев Систем. Штотуку ја помина орбитата на Плутон, поминувајќи преку 4,5 милиони километри на секои 24 часа. Сепак, ќе бидат потребни уште две години за целосно да го напушти просторот за кој се смета дека припаѓа на нашиот Сончев систем.

Додека Оумуамуа брза во меѓуѕвездениот простор, оставајќи нè засекогаш, научниците сè уште не можеа да го класифицираат. Прво се мислеше дека тоа е астероид - голема карпа од далечен ѕвезден систем - а потоа комета - парче вселенски мраз што се отцепи и тргна кон нашиот пат, но консензус никогаш не беше постигнат, а научниците беа оставени да го проучуваат мала количина на податоци што биле собрани за овој објект.долг 400 метри и се шпекулира за неговото потекло додека се оддалечува од нас.

Тагови
реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе