Авто новости

Мистериозниот X8 ќе биде најскап BMW модел досега

8. декември 2018 - 18:49 | А.С.

Веќе некое време се шпекулира околу новиот SUV модел на BMW, а од непотврдени извори, сѐ поизвесно е дека стигнува новиот SUV X8.

Наводно правен под кодно име G09, X8 нема да биде само купе верзија на X7, туку BMW планира да направи уште пораскошен SUV кој ќе ја пополни празнината меѓу X7 и Rolls-Royce Cullinan.

BMW X8 наводно ќе има само четири седишта за да може секој патник да има максимална удобност, а дизајнот нема да им го скрати просторот како што тоа беше случај со X4 и X6.

Веќе се шпекулира и дека ова ќе биде најскапиот модел на BMW досега, кој ќе ги надмине Alpina B7 (139.350 долари), i8 Coupe (147.500) M760i (156.700) и i8 Roadster (163.300).

Со електричен погон најверојатно ќе биде уште поскап, но сепак далеку од Cullinan кој чини неверојатни 325.000 долари.

Коментирај