Мистериозно езеро се појави во Долината на смртта

Долината на смртта е позната како најниската, најсушната и најтоплата локација во Северна Америка, сместена во пустината Мохаве. Во неа нема никакви водени пространства, па кога минатата недела одеднаш се појави огромно езеро, тоа беше причина за голема возбуденост и мистерија.

Во националниот парк Долина на смртта по обилните врнежи дожд во близина на популарното подрачје Салт Крик се појави огромно мистериозно езеро долго 16 километри. Ова чудо на природата го сними фотографот Елиот Мекгукен кој случајно се нашол таму и останал без зборови пред глетката што се појавила пред неговите очи кога скршнал по патот за Бедвотер Бејсин.

„Чувството е надреално кога ќе видите толку многу вода во најсушното место на континентот. Иако не успеав да стигнам на местото каде што бев упатен, го видов најверојатно најимпресивното нешто на светот и ги направив најуникатните фотографии на сите времиња“, изјави Мекгукен за SFGate.

Кога прв пат го здогледал езерото, силни ветрови удирале по површината на водата. Одеднаш ветрот стивнал и езерото се смирило. Шефот на одделот за едукација и толкување во Националниот парк Долина на смртта Патрик Тејлор му рекол на Мекгукен дека ова е најголемото езеро што некогаш се создало таму.

 

 

Тејлор додава дека по силни врнежи се формирале помали рибници. Иако Долината на смртта е најтоплото место во САД, ова место не е постојано топло и суво. Имено, токму овој предел доживува и ниски температури, бури и монсуни.

Со оглед на тоа дека пустинското тло е суво и компактно, на него не може долго да се задржи водата. Поради тоа експертите сметаат дека езерото нема да опстои, имајќи предвид дека се смалува од ден во ден.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе