Мит или вистина: Дали Индијанка патувала со Викинзите на Исланд?

Научниците бараат одговори на загатките на историјата преку истражување на генетскиот код на одредени Исланѓани. Бараат за да видат дали некоја домородна Американка од Новиот свет ги придружувала Викинзите назад во Европа, пет века пред Колумбо да се врати во Шпанија со домородните Американци, или како што ги нарекол - Индијанци.

Добро е утврдено преку историските извештаи и археолошките наоди дека Викинзите поставиле првични колонии на бреговите на Северна Америка непосредно пред 1000 година. Но, она што со сигурност е непознато е како исландска фамилија денес носи генски материјал во чиј состав има, изненадувачки, маркер датиран околу 1000 година - и кој најмногу се наоѓа кај домородните Американци.

Во 2010 година беше објавено дека првите Индијанци пристигнале на континентот Европа некаде околу XI век. Студијата, предводена од DeCODE Genetics, водечка лабораторија за истражување на геномот во Исланд, открила уникатен ген кој бил присутен само во четири различни семејни линии. Лозата на ДНК, која беше наречена C1e, е митохондријална, што значи дека гените биле внесени и пренесени преку жена. Врз основа на доказите на ДНК, се сугерира дека домородна Американка (доброволно или неволно) ги придружувала Викинзите кога се вратиле назад во Исланд. Жената го преживеала патувањето преку морето, а потоа имала деца во нејзиниот нов дом. Денеска постојат 80 Исланѓани кои го имаат овој уникатен ген што го пренела оваа жена.

Мапата Скалхолт од Исланѓанецот Сигурд Стефансон од 1570 г. во која стојат новите земји откриени од Викинзите (лево под Гренланд): Хелеланд (денес Бафинов Остров), Маркланд (Лабрадор), Скралинге Ланд (Лабрадор) и Промонториум Винландија (Њуфаундленд).

Сепак, постои друго објаснување за присуството на C1e кај овие 80 Исланѓани. Можно е домородните американски гени да се појавиле на Исланд по откривањето на Новиот свет од Колумбо. Се претпоставува дека една домородна Американка можеби била вратена во континентална Европа од европски истражувачи, кои потоа го нашле својот пат до Исланд. Истражувачите веруваат дека ова сценарио е малку веројатно, сепак, со оглед на фактот дека Исланд во тој момент бил прилично изолиран.

Сепак, единствениот начин ефикасно да се елиминира оваа можност е научниците да пронајдат остатоци од претколумбиски Исланѓанец чии гени може да се анализираат и да се докаже дека ја содржат лозата C1e.

Друг проблем со кој се соочуваат истражувачите е дека гените C1e можеби не потекнуваат од домородните Американци, туку од некој друг дел од светот. На пример, ниту една жива домородна американска група нема иста таква ДНК лоза како онаа пронајдена кај 80-те Исланѓани. Како и да е, можеби домородните американски луѓе што го населувале тој простор каде дошле Викинзите, и воедно ја имале таа лоза на ДНК, денес не постојат бидејќи одамна изумреле.

Еден предлог, кој беше даден на почетокот на истражувањето, беше дека гените доаѓаат од Азија. Ова на крајот беше отфрлено, бидејќи истражувачите успеаја да откријат дека лозата C1e била присутна на Исланд уште во XVIII век. Ова било долго пред појавата на азиските гени кај Исланѓаните.

Ако откритието на крајот докаже дека Викинзите однеле домородна Американка назад во Исланд, тогаш историјата навистина ќе треба да се препише. Иако средбите со домородните Американци, познати како Скраелингс (или странци), биле забележани во викиншките саги, не се споменува ништо за тоа дека Викинзите донеле домородна Американка со себе дома на Исланд. Понатаму, достапните археолошки записи не покажуваат присуство на домородна Американка на Исланд.

Колку повеќе се копа во историјата на Викинзите, толку повеќе нашите перцепции се менуваат за тоа како тие живееле, патувале и тргувале.

Се надеваме дека со текот на времето ќе се фрли повеќе светлина врз оваа мистерија, а случувањата во светот на историјата ќе може недвосмислено да се утврдат, давајќи ни појасно разбирање за нашето античко минато.

реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Вести

Стигна конкуренцијата: Полета првиот кинески патнички авион C919

Read more

Twitter се повлече од доброволниот кодекс на ЕУ во борбата против дезинформации

Read more

Компанија на Маск доби дозвола да тестира мозочни чипови на луѓе

Read more

Древни кинески потонати бродови откриваат детали за Патот на свилата

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Стигна конкуренцијата: Полета првиот кинески патнички авион C919

Читај повеќе

Twitter се повлече од доброволниот кодекс на ЕУ во борбата против дезинформации

Читај повеќе
  • play_arrow

Компанија на Маск доби дозвола да тестира мозочни чипови на луѓе

Читај повеќе

Откриена Android апликација која ги снима корисниците, ако ја имате – избришете ја

Читај повеќе

Древни кинески потонати бродови откриваат детали за Патот на свилата

Читај повеќе
  • play_arrow

По два дена мрак се појавило сонце - реконструкција на уништувањето на Помпеја

Читај повеќе

Како Google Maps да престане да ви работи во позадина?

Читај повеќе

Исчезнуваат познатите прстени на Сатурн

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ќе се случи ако ја снема Месечината?

Читај повеќе