Митови за пиењето пиво во кои не треба да верувате

Веројатно има неколку митови за пиењето пиво што сте ги слушнале многупати.

Сепак, иако многу од овие тврдења им изгледаат разумни на оние кои пијат пиво, повеќето од нив се митови без научна поддршка за нивната веродостојност, пишува Eat This.

МИТ 1: Ако пиете пиво пред да пиете жестоко, нема да бидете мамурни

Една студија во American Journal of Nutrition подетално го разгледа тоа тврдење и откри дека мамурлакот не е поподнослив ако водите сметка за редоследот на вашите пијалаци или дури и ако се придржувате до еден вид пијалак во текот на вечерта. Тоа важи и за пиењето пиво пред да пиете жесток алкохол.

МИТ 2: Темните пива се појаки од светлите

Ова во никој случај не е правило. Важно е да се погледне алкохолот по волумен во пивото за да се утврди дали е навистина појак.

МИТ 3: Прекумерното пиење пиво резултира со пивски стомак

Само пивото не може да предизвика стомакот да расте. Станува збор за комбинација од прекумерен внес на калории (особено храна со празни калории, односно храна која е богата со калории, но не заситува), нездрави навики и седечки начин на живот што ќе предизвика таложење на вишокот маснотии во централниот дел од телото.

МИТ 4: Пивото секогаш треба да се служи „грч“ ладно

Можеби претпочитате ладно пиво поради освежувачкото чувство или можеби се плашите дека потоплото пиво ќе почне да мириса. Не мора да се грижите премногу за ова бидејќи по правило, пивата треба да се служат на различни температури за максимално уживање - некои дури и на собна температура, според Home Brewers Association.

МИТ 5: Точеното пиво предизвикува полош мамурлак

Некои тврдат дека пиењето точено пиво може да предизвика полош мамурлак од пивото кое се служи во затворено шише или лименка. Оваа идеја настана поради прашањата за исправноста и хигиенските услови околу местото за точење пиво. Имено, можно е бактериите да останат таму и да влезат во вашето пиво, што наводно подоцна доведува до потежок мамурлак.

Сепак, многумина кои го истражувале ова тврдење откриле дека е мит. Мамурлакот е предизвикан од огромен број фактори, вклучувајќи дехидратација, иритација на желудникот, воспаление и варење. Конзумирањето прекумерни количини на алкохол - без разлика на видот или потеклото - ќе предизвика мамурлак.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе