Mitsubishi стигнува во Женева со мистериозен SUV концепт

Mitsubishi на Саемот на автомобили во Женева ќе го претстави мистериозниот SUV концепт што е фокусиран на технологијата на новата генерација.

Се работи за концептот Engelberg Tourer на чиј тизер може да се види темната силуета  на возилото во облик на SUV, со развиена Dynamic Shield предна маска и тенки сини LED светла, а може да се види дека има и светла на кровот.

Покрај тоа што ќе ја покаже новата технологија, концептот на Mitsubishi ќе овозможи увид во развојот на дизајнот и практичноста на SUV возилата.

Engelberg Tourer го доби името по швајцарското скијачко одморалиште, а тоа укажува дека ќе биде форсиран како теренско возило.

Концептот ќе има подобрени електрични перформанси, велат од компанијата, но уште не се знае дали ќе биде хибрид или целосно електрично возило.

Mitsubishi ја фокусираше својата технологија на електрификација на хибриди, вклучувајќи го успешниот Outlander PHEV, но секако посветува внимание и на целосно електричните возила.

Во 2016 година Mitsubishi го претстави концептот eX, мал електричен SUV што би можело наскоро да влезе во производство.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе