Дваесет и шестгодишен маж е пронајден застрелан во автомобил фолксваген Пасат во прилепското село Канатларци.
Како што соопшти полицијата, околу 6 часот наутро жител од селото во Пасатот го пронашол починат Е.И. (26). Тој имал прострелна рана во грбот. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.