Младата фудбалска репрезентација со 26 играчи патува за Анталија

Филип Здравески
/ 16.03.2021 / 15:50

Селекторот за македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски, го објави списокот на повикани играчи за трите претстојни пријателски натпревари.

Фото: ФФМ

Младата репрезентација од 21 до 30 март ќе биде во Анталија, Турција, каде ќе одигра три контролни натпревари. По тој повод селекторот денеска објави список со 26 фудбалери кои ќе бидат дел од репрезентацијата на овие натпревари.

„Овие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за Европското првенство. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа на трите натпревара. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер, а на нив останува дали ќе заслужат место во тимот на квалификациите. Она што е битно за мене е играчите да имаат минутажа во своите клубови и тоа ќе биде пресудно за формирањето на составот на квалификациските натпревари за ЕУРО. На оние позиции каде што имаме избор, предност секогаш ќе добиваат фудбалерите кои се стандардни во своите клубови“, вели Милевски во изјава за ФФМ.

Тој ја коментираше и одлуката на офанзивецот Владан-Влада Новевски за кого синоќа Фудаблскиот сојуз на Србија се пофали дека во иднина ќе настапува за Србија.

„Во однос на Влада Новески, наше е да кажеме дека фудбалерот на Војводина уредно беше поканет за нашите натпревари во Анталија, но неговиот родител нѐ извести дека желба на неговиот син е да игра за Србија“, рече македонскиот селектор.

Голмани:
Давид Денковски - Брегалница
Дамјан Серафимов - Македонија ЃП
Стефан Јакимовски - Кадино

Одбрана:
Александар Ѓурковски - Вардар
Марио Младеновски - Ботев (Бугарија)
Виктор Крстевски - Вардар
Блертон Шеји - Струга
Филип Алексовски - Македонија ЃП
Филип Антовски - Славија (Бугарија)
Мартин Радуловиќ-Величковиќ - Вардар
Бесник Ферати - Академија Пандев

Средина:
Енис Фазлагиќ - Жилина (Словачка)
Арби Воша - Македонија ЃП
Давид Калпачки - Беласица
Флорент Рамадани - Шкендија
Томче Гроздановски - Злите Моравце (Словачка)
Бојан Димоски - Академија Пандев
Агон Елези - Вараждин (Хрватска)
Лука Станковски - Работнички
Димитар Тодоровски - Работнички

Напад:
Марко Ѓорѓиевски - Раднички Пирот (Србија)
Дарко Чурлинов - Штутгарт (Германија)
Јакуп Бериша - Шкупи
Марио Илиевски - Септември (Бугарија)
Методи Максимов - Работнички
Берат Калкан - Караџабej (Турција)

Распоред на натпревари:
Македонија - Казахстан (24 март)
Македонија - Словачка (27 март)
Македонија - Бугарија (29 март)

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе