Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА У21 ЕУРО 2021

Младинците одиграа 1:1 против Казахстан

15. октомври 2019 - 17:41 | МИА

Скопје, 15 октомври 2019 (МИА) – Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година, одигра 1:1 против Казахстан во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021 година.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски по првото полувреме имаа водство, откако Милан Ристовски „украде“ топка и во соло акција од контранапад погоди за 1:0. Во вториот дел, гостите од Казахстан се спасуваа во неколку ситуации и не примија втор гол, а во 75-та минута го израмнија резултатот.

Сега „црвено-жолтите“ имаат седум бода од три натпревари и го држат првото место. Во ноември, македонската селекција во дербито треба да гостува кај фаворитот Шпанија, а потоа ќе има нова пресметка и со аутсајдерот Фарски Острови.

Коментирај