Младински додаток од 3.000 денари, предлага Владата

Скопје, 13 ноември 2019 (МИА) – Три илјади денари младински додаток ќе им се исплаќа на лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност.

Ова го предвидува Предлог-законот за младински додаток кој беше усвоен од Владата, а сега ќе биде доставен на усвојување во Собранието.

Со законот, 3.000 денари се предвидени и за младите лица кои се отстапени кај работодавач-корисник од производствена дејност од страна на приватна агенција за вработување, како и на млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување, соопшти Владата.

Целта на законот за младински додаток е поттикнување на вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование, со што ќе се придонесе за подобрување на нивниот животен стандард и задоволување на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.

Законот ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот раст на економијата, а со тоа ќе се придонесе за зголемен вкупен економски раст и развој во Република Северна Македонија, се додава во соопштението.

-Воведуваме Младински додаток, 3.000 денари месечно, за сите млади во производна дејност! 3.000 денари исплата на лична сметка на сите млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со социјално осигурување во производствена дејност, потоа на младите лица ангажирани кај работодавач од производствена дејност преку приватна агенција за вработување, како и на млади земјоделци со социјално осигурување, напиша премиерот Зоран Заев на својот Facebook профил во врска со оваа мерка.

Нагласи дека со неа се поттикнува вработување на младите лица во производство по завршување на средното образование и додаде дека оваа мерка ги задоволува и потребите на работодавачите за квалификувана работна сила.

-Создаваме силна економија во која постои шанса за сите млади луѓе, напиша Заев.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе