Младиот Давид Тошевски потпиша за Ростов

Талентираниот напаѓач на Работнички ќе ја продолжи својата кариера во рускиот прволигаш Ростов, потврди самиот клуб.

Со само 18 години Тошевски го привлече вниманието кај македонската фудбалска јавност со своите настапи за клубот од скопско Дебар Маало. Млад, но висок и робусен, Тошевски правеше проблем во противничките одбрани чии искусни дефанзивци се мачеа борејќи се во дуелите со него. Од 23 натпревари во прекинатата сезона одигра 21 на кои постигна 5 голови и 3 пати асистираше. Родум од Скопје, производ е на акдемијата на Работнички. 

Рускиот клуб објави дека потпишал 5-годишен договор со Тошевски кој на 16 јули ќе полни 19 години. Губењето на Давид за Работнички е удар, но иако непотврдено, чауриските муабети се дека „Романтичарите“ добро се опариле од овој трасвер, а се споменува сума од 900 илјади евра. Доколку сумата е навистина таа, тоа значи дека овој трансфер е рекордед за играч кој ја напушта македонската лига.

Remote video URL

Работнички продолжува со истата стратегија, да продава млади играчи во странство. Последните добри трансфери кои ги направи клубот се оние на Ѓоко Зајков во француски Рен и на Елиф Елмас во турски Фенербахче.

Тошевски е и младински репрезентативец на Македонија настапушваше за сите генерации до У19, а има и еден настап за У20 репрезентацијата.

Ростов сезонава се бори за место во Лигата на шампионите, место кое си го загрози бидејќи во продолжението од сезоната имаше позитивни фудбалери на COVID-19 па голем дел играчите беа во карантин, а тмот настапуваше со младинци поради што загуби бодови.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе