Младиот милионер доби илјадници пријави за „работата од соништата“, стигнаа и понуди за брак

Метју Лепре e 26-годишен милионер кој пред неполн месец објави јавен оглас за личен асистент на кој ќе му плаќа околу 52.000 долари за да патува со него низ светот и да престојува во најскапите хотели во светските метрополи.

Метју живее во Сиднеј, но со неговиот асистент би патувал во Јапонија, Дубаи и низ САД каде ќе одржува предавања во разни компании.

Освен што ќе треба да го придружува на патувањата, асистентот ќе треба и да работи на промоција на неговиот бизнис и неговиот имиџ, но и да ги води неговите профили на социјалните мрежи, како Instagram.

Автралиецот добил 40.000 пријави за оваа „работа од соништата“, а не изостанаа и романтичните понуди за врска, па дури и брак.

„Добив повеќе од 40.000 пријави од сите страни на светот, а од кандидатите дури 75% се жени, а само една четвртина мажи. Некои ми понудија и брак“, изјави Метју.

Тој додаде дека повеќето заинтересирани се од генерацијата милениумци кои во оваа работа гледаат можност да побегнат од секојдневната рутина.

Овој успешен бизнисмен месечно заработува 120.000 долари, а на асистентот почетна плата ќе му биде 52.000 долари, со платени трошоци за сместување и патување.

„Платата секако ќе зависи од претходното искуство и вештините на кандидатот. Здравственото осигурување исто така е платено. Често патувам поради мојата работа и уживам во ваквиот начин на живот, па би сакал на некого да му ја пружам приликата да ужива во сето ова со мене“, гласеше огласот на Метју.

Од кандидатите се бара, меѓу другото, релевантно работно искуство, валиден пасош, солидно познавање на работа со социјални мрежи, одлични организациски способности и способност за мултитаскинг.

Метју се откажал од факултетот кога имал 23 години и сам го почнал својот бизнис за е-трговија што му донесе милиони.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе