Младите европски амбасадори ја поздравија финансиската помош од 80 милиони евра на ЕУ за земјава

По соопштувањето на веста дека Северна Македонија доби неповратна финансиска помош од 80 милиони евра за справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза, нашите млади европски амбасадори го поздравија овој потег на Европската Унија. Платформата „Млади европски амбасадори“ е креативна мрежа на идни млади активисти од земјите од Западен Балкан, а дел од неа се и младите македонски активисти Иван Дургутов и Дамјан Златановски.

Во контекст на пакетот за финансиска помош во вредност од 80 милиони евра како поддршка во буџетот на Северна Македонија, младиот амбасадор Иван Дургутов вели дека обезбедената поддршка под слоганот „Енергијата нè поврзува“ е момент на заедништво, бидејќи ја истакнува можноста да обезбедиме повеќе наши сограѓани и домаќинства да си го ослободат дополнителниот товар од високите сметки за електрична енергија. Прашан за младинската визија околу приоритетите што треба да ги поставиме како држава на планот на енергетската политика, Дургутов вели:

„Би се фокусирал на тоа да се осигурам дека ќе нема ниту едно основно училиште што повеќе ќе се загрева нееколошки и енергетски неефикасно и ќе се потрудам да не постојат образовни објекти во земјава што сè уште ќе имаат ќумбиња како извор на топлина. Време е за крај на несоодветните инфраструктурни објекти и дотраените прозорци, врати, подови и оџаци“.

Имајќи предвид дека финансискиот пакет на Европската Унија е дел од континуираната поддршка на земјава во клучните инвестиции во енергетиката, младиот амбасадор Дамјан Златановски смета дека нашата земја, како земјата на сонцето, ветровите и геотермалните потенцијали, има кохерентна предност да стане „зелен енергетски хаб“ и модел за одржлив развој.

„Звучи како идила, но реализацијата е можна со давање на бусолата на младите, инвестирањето во нив и во иновативните технологии, заштитата на природните ресурси, поддршката на поединците и компаниите за користење извори на чиста енергија и заедничкото редуцирање на зависноста од фосилни горива“, вели тој.

И двајцата се согласни дека нашата земја треба да се угледа на поразвиените европски земји, како што се Словенија и скандинавските земји, во имплементирањето на стратегиите за енергетска независност и ефикасност. Но, велат дека е потребно и да се свртиме назад кон сопственото минато, менувајќи ги своите навики. Така, според нив, треба да научиме од нашите прабаби и прадедовци кои и без интернет, хаштази и еко-работилници знаеле да се грижат за животната средина.

реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Промо

Нови технологии, поголема удобност: Volkswagen го претстави новиот Touareg

Read more

ГОЛЕМ Gaming настан во НЕПТУН

Read more

Вежбај и заштеди: Нова кампања на ФитКит и Visa

Read more

Најуспешното издание на „Sparkasse LIFE Прв до врв“ досега

Read more
 

Ново

Зошто годинава симптомите на алергија се полоши од вообичаено?

Читај повеќе

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Читај повеќе

Дадилката на Коста – клучен сведок во случајот со масакрот во „Рибникар“, пишуваат српските медиуми

Читај повеќе

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Читај повеќе

Дебелите момчиња често стануваат неплодни мажи, открива нова студија

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Читај повеќе

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Читај повеќе

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Читај повеќе

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Читај повеќе