Младата фудбалска репрезентација на Македонија ја продолжи серијата на успешни резултати со триумфот над соодветната селекција на Бугарија 1:0 (1:0).
Избраниците на Благоја Милевски имаа целосна контрола врз играта во првиот дел, а надмоќната игра во која имаа неколку добри обиди да го совладаат Крастев, со гол ја крунисаа во 43 минута кога Марјан Радески ја погоди целта.
Во второто полувреме двајцата селектори им дадоа шанса и на останатите фудбалери, но и во таква ситуација македонските фудбалери беа подобри, а во 86 минута можеа да постигнат уште еден гол, но Петковски не успеа да реализира пенал.