Младите фудбалери лумпуваа по големата победа над Бугарија

Филип Здравески
/ 30.03.2021 / 17:16

Македонската репрезентација за играчи до 21 година синоќа со петарда ги поздрави врсниците од „пријателска“ Бугарија, а по натпреварот нашите пееја и се веселеа славејќи ја слатката победа.

Сите политички напади кои македонскиот народ ги трпи од источниот сосед направи и обичен пријателски натпревар да биде сфатен толку сериозно, небаре е некакво големо финале.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се наоѓаат во Турција каде учествуваа на турнирот Анталија Куп каде до пред овој натпревар имаа забележано пораз 2:1 од Казахстан и реми 2:2 со Словачка.

Иако без шанси за првото место, во последниот натпревар против внуците на нашите поранешни окупатори од Втората светска војна и сојузници на Адолф Хитлер, влегоа толку мотивирано што победата беше неизбежна. А, противникот, со две запишани победи беше во игра за првото место.

По 15 минути игра резултатот со гол со глава го отвори Марио Илиевски по едно нафрлување на Марио Младеновски. Уште точно толку време беше потребно за вториот гол кој Томче Гроздановски го постигна на асистенција на Филип Антовски.

Бугарите се вратија во игра шест минути по паузата преку Доминик Јанков, но очигледно тој гол само ги разлути младите Македонци.

Методи Максимов постигна два гола еден по друг во 65. и 75. минута, а петардата ја заокружи несреќен автогол на Емануел Мирчев откако Берат Калкан упати удар кој голманот го одбрани.

По последниот свиреж во соблекувалната во Анталија ечеа патриотски песни, а некако најрасположен, барем по видеото кое се појави на интернет, беше Марио Младеновски, кој всушност настапува за бугарскиот клуб Ботев од Пловдив.

Remote video URL

За македонија натпреварот го почнаа: Давид Денковски; Филип Алексовски, Александар Ѓурковски, Марио Младеновски, Филип Антовски, Енис Фазлагиќ, Агон Елези, Томче Гроздановски, Арби Воша, Дарко Чурлинов (к) и Марио Илиевски.

Во комбинација беа уште и Дамјан Серафимов, Стефан Јакимовски; Бесник Ферати, Блертон Шеји, Марко Ѓорѓиевски, Димитар Тодоровски, Давид Калпачки, Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Виктор Крстевски, Лука Станковски, Јакуп Бериша, Методи Максимов, Бојан Димоски, Берат Калкан, Флорент Рамадани и Георгије Јанкулов.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Read more

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Read more

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more
 

Спорт

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе