Младите фудбалери вечерва против Србија

Младата македонска репрезентација вечерва ќе го одигра вториот натпревар на ЕП во Полска. Во рамките на Б групата Македонија од 18 часот ќе игра против Србија.

Дуелот на стадионот во Бидгошч е клучен за македонската репрезентација доколку сака да ги задржи шансите за пласман во полуфиналето. Истото важи и за Србија, бидејќи во првото коло овие две селекции беа поразени, Македонија од Шпанија (0:5), а Србија од Португалија (0:2).

„Ние сме концентрирани единствено на нашата игра, а не на онаа на противникот, иако многу добро знаеме дека имаат одлични поединци кои играат во Англија, Германија, Италија. По поразот од Шпанците им кажав на фудбалерите и натаму силно да веруваат во своите квалитети, да ги држат главите гордо високо. Ќе продолжиме да го негуваме и натаму тимскиот дух во репрезентацијата, слично како што беше и на првиот натпревар со Шпанија, иако високиот пораз носи горчлив вкус. Ќе играме офанзивно секако, затоа што поинаку не знаеме и не сакаме да играме. Ако можевме против Шпанија да имаме 24 успешни напади, сигурно можеме и против Србија“, изјавил селекторот Благоја Милевски.

Максимално подготвени за надигрување ќе бидат и српските фудбалери, чии селектор Ненад Лалатовиќ на прес конференцијата упатил комплименти за играта на Македонија.

„Станува збор за добра репрезентација, која првиот меч го загуби убедливо иако имаше идентичен посед на топка со Шпанија. Македонија упати голем број на удари кон противничкиот гол, а примија голови со ‘ножички’, од огромна далечина и од пенал. Имаа на 0:0 чиста шанса, па уште една на 0:1. Немаа среќа во реализацијата. Не се случајно тука на ЕП“, рекол српскиот селектор.

Дуелот во Бидгошч ќе го води судиски тим од Шкотска на чело со Боби Маден.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе