Младите фудбалери во 90+ спасија пораз од Израел

Филип Здравески
/ 13.10.2020 / 16:24

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година успеа во последните секунди да избегне пораз дома од Израел.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

Гостите од Ветената земја го отворија резултатот во 21. минута кога Лиел Абада директно од корнер проба да постигне гол, Ристо Јанков успеа неако да одбрани, но на одбранетата топка налета Шај Елијас кој ја затресе македонската мрежа.

Израелците потоа ја контролираа играта не давајќи им на македонските фудбалети сериозно да се заканат.

Во 56. минута Израел имаше колосална шанса да го дуплира водството кога Димитар Митровски направи наивен прекршок за пенал над Самуел Броун. За наша среќа, Јанков одлично го прочита ударот на Ејлон Хаим Алмог и спречи нов гол.

Сепак, одбранетиот пенал не значеше и подобра игра на Македонија која до крајот имаше само јалови обиди за гол.

Израмнувањето стигна дури во последната минута од судиското надополнување која Јани Атанасов одлично изведе слободен удар од работ на шестнаесетникот и го совлада Асаф Цур.

И покрај избегнатиот пораз, ова реми е сепак кикс за младата репрезентација. И да бидеме на крајот втори во групата, сега веќе тешко веројатно дека ќе сме помеѓу оние пет најдобри второпласирани репрезенации кои обезбедуваат пласман на ЕУРО.

За Македонија настапија: Јанков; Антовски (82' Фазлиу), Личина, Стоименовски, Тодороски (75' Миовски); Атанасов, Здравковски (к) (75' Даци), Гроздановски (46' Илиевски); Чурлинов, Тошевски (46' Ѓорѓиевски), Митровски.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе