Младите го менуваат Западен Балкан

2021 беше многу успешна година за нас, како Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO). Ги презедовме сите неопходни мерки и активности, во рамките на нашата надлежност, со цел владите од овие земји да обрнат поголемо внимание на младите. Едни од најважните активности секако беа учеството на иницијативи и состаноци на високо ниво, како што е Берлинскиот процес, на кои се застапени интересите на младите.

Клучот за успехот во целиот регион на Западен Балкан се почитувањето, довербата и соработката. Можно е да се изгради еден поинаков регион на Западен Балкан, во кој младите ќе работат, остануваат во својата земја, напредуваат и создаваат подобра иднина. Од сите нас зависи дали институциите, владите, училиштата, граѓанското општество или медиумите ќе го зграпчат овој предизвик заедно со младите луѓе. Наше е да создадеме подобро опкружување.

Алберт Хани, генерален секретар на RYCO, изјави: „Нашите млади луѓе имаат централно место во градењето одржливи и спокојни општества во земјите од Западен Балкан и тие споделуваат многу заеднички работи. Дополнително, надежите и вредностите во целиот регион значително се совпаѓаат“.

Кога станува збор за младински политики, тие не можат да се креираат без учество на младите луѓе, кои треба да бидат консултирани и да им се понудат еднакви можности кога се развиваат политики насочени кон младите.

Алберт Хани додава: „Младите се централните актери на промените, не само во процесите на помирување и соработка, туку и во сите аспекти од нашиот живот. Она што треба да го направиме е да го зголемиме бројот на активности кои се насочени кон младите и да им овозможиме поголем простор. Ова не треба да го прави само RYCO туку и владите, образовните институции, медиумите и граѓанското општество. Резултатите од нивниот огромен потенцијал ќе можеме да ги видиме само ако им дозволиме на младите луѓе да дојдат до израз на вистинскиот начин“.

Во текот на 2021 година, RYCO поддржа 12 регионални младински проекти со вкупно 330.000 евра. Исто толку проекти за социјално претприемништво беа поддржани и преку проектот RISE во чии рамки се отвори нов циклус кој, во соработка со RYCO, работи со речиси 130 млади социјални претприемачи.

Во рамки на големиот проект за размена помеѓу училиштата, доставени беа вкупно 140 предлози од кои 30 ќе бидат избрани и ќе добијат поддршка во наредниов период.

Освен овие апликанти кои ќе бидат поддржани во патувањето за целите на размена, повеќе од 200 волонтери исто така имаа можност да учествуваат на разни фестивали кои беа организирани во рамките на новата регионална програма за размена на волонтери. Сите тие стекнаа искуство, знаење и нови пријателства патувајќи низ регионот, што е сржта на сите активности и цели на RYCO.

Една од активностите што секако ќе биде силна поддршка во развивањето нови врски помеѓу младите од земјите од Западен Балкан е дигиталната платформа за млади „Hajde.media“. Официјално беше промовирана на 8 декември 2021 година, за време на регионалниот министерски состанок за млади и образование и во соработка со 12 факултети за новинарство од шесте земји од Западен Балкан. Со споделување на сопствените искуства, младите ќе добијат корисни знаења и информации за професионалните можности и за настаните во регионот.

Резултатот од учеството на 500 луѓе, кои започнаа со консултации организирани со 24 млади луѓе од локалните средини, со 58 разговори со партнери, засегнати страни, младински организации, образовни институции и млади политичари, со 6 фокус групи составени од ранливи групи, потоа регионални консултации со училишни тела на ученици, главните младински организации и бизнис заедницата - е изработка на нова стратегија за 2022-2024 година.

На крајот од обемниот процес на консултации, завршниот Стратешки форум организиран заедно со клучните партнери придонесе за финализирање на оваа стратегија која ќе се применува во следните две години.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе