Младите повеќе ги сакаат легендарните „глупави телефони“

Сè поголем број членови на Генерацијата Z се загрижени за времето поминато пред екраните, за што помагаат телефоните кои немаат пристап до современите социјални мрежи.

„Глупавите телефони“, без напреден софтвер и пристап до социјалните мрежи, се сè попопуларни меѓу младите Американци, пишува CNBC.

Компаниите како HMD Global, сопственикот на брендот Nokia, продолжуваат да продаваат милиони мобилни уреди слични на оние што ги користевме во раните 2000-ти, вклучително и „винтиџ“ дизајни како уредите на преклоп или оние со екран на извлекување - кои имаат некои нови функции вградени во нив, како GPS или интернет хотспот.

„Верувам дека дел од Генерацијата Z веќе нема нерви за големите екрани“, рече Хозе Брион, инфлуенсер за „глупави телефони“ и модератор на подредитот „r/dumbphones“. „Тие го наоѓаат решението за нарушеното ментално здравје во ваквите избори“.

HMD Global продаде десетици илјади телефони на преклопување во САД во 2022 година, додека на глобално ниво тој број падна. Во текот на истата година, речиси 80 отсто од продадените телефони од овој тип завршиле на пазарот на Блискиот Исток, Африка и Индија, пишува Counterpoint Research.

Пазарот на „глупави“ телефони во САД е релативно мал, но во наредните години би можел да забележи постепен раст од пет проценти годишно. Во првите редови на трендот се компаниите како Punkt и Light, кои продаваат уреди наменети за оние кои сакаат да поминуваат помалку време на своите телефони и социјалните мрежи.

URL
реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Мобилни

iPhone Fold би можело да користи течен метал

Read more

iPhone 17e носи важни подобрувања: Што знаеме за најевтиниот модел?

Read more

Расте пазарот на телефони: Кои брендови доминираат во Топ 3?

Read more

Откриен дизајнот на паметниот телефон Motorola Razr Fold

Read more
 

Гик

Маск ќе го купува Ryanair за да го смени извршниот директор со кого јавно се испокара

Читај повеќе

Сензационално откритие во Италија: Пронајдена изгубената базилика на Таткото на архитектурата

Читај повеќе

Данок за OnlyFans и Pornhub

Читај повеќе

Apple предупреди: Милијарди iPhone-и се во ризик

Читај повеќе

Microsoft објави итна корекција за Windows 11

Читај повеќе

Скелет стар 2 милиона години откри неочекувани мајмунолики особини кај раните луѓе

Читај повеќе

iPhone Fold би можело да користи течен метал

Читај повеќе

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Читај повеќе

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

Читај повеќе