Младите преведувачи повикани на работилницата за книжевен превод „Без фусноти“

Работилницата за книжевен превод „Без фусноти“ е наменета за млади преведувачи на почетокот на нивната кариера кои преведуваат од македонски на останатите јужнословенски јазици и на албански јазик, и обратно, и кои се заинтересирани за различните техники во преведувањето на  книжевни и уметнички текстови и проблемите со кои преведувачите се соочуваат при нивната адаптација.

Работилницата ќе се одржи на 10 јуни (сабота) во 16 часот, во социјалниот клуб „Комитет“.

На учесниците ќе им биде даден краток фрагмент од прозен книжевен текст, кој ќе го преведат на јазикот по сопствен избор, а потоа ќе разговараат за нивните преводи во текот на работилницата.

Особено ќе стане збор за преводот на квир книжевноста и за предизвиците што квир поетиката ги поставува за книжевниот превод.

Работилницата ја води лингвистот и преведувач Ѓорѓе Божовиќ.

На работилницата ќе може да присуствуваат до 15 учесници.

Заинтересираните учесници треба да се пријават ТУКА, или на мејлот izborsteficacvek@gmail.com, најдоцна до 5 јуни 2023.

Работилницата се одржува во рамки на активностите поврзани со регионалниот книжевен избор за ангажирана феминистичка и квир книжевност „Штефица Цвек“.

Ѓорѓе Божовиќ е доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, каде што предава предмети по општа и балканска лингвистика. Од албански јазик превел повеќе дела од современа поезија, проза, публицистика и драма од автори како Љуљета Лешанаку, Аријан Лека, Ветон Сурои, Еди Рама, Јетон Незирај и други. Неговите два најнови преводи се автофикциите „Вечерен автобус“ од Стефан Алијевиќ од македонски на српски јазик (Нови Сад, Kulturanova, 2023) и „1997“ од Кристи Пиндери од албански на српски јазик (Белград, Pobunjene čitateljke, 2023).

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Култура

Отскочна даска #2: Дарија Јовановска избрана да чита на отворањето на Скопскиот поетски фестивал

Read more

Пет преведувачи влегоа во последниот круг на селекција за наградата „Драги“

Read more

Објавен распоредот на настапи за утрешниот музички настан Здраво млади

Read more

Во сабота во Тетово оперски концерт Белканто во италијанската традиција

Read more
 

Вести

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Читај повеќе
  • play_arrow

Нацист од Втората светска војна доби овации од Зеленски и Трудо

Читај повеќе

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Читај повеќе

Не сообраќаат возови на релација Скопје–Битола, изгореа 1.000 прага од пругата

Читај повеќе

Осуденици од Идризово тврдат дека затворски полицајци ги уценуваат

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нов протест за случајот на Онкологија: Правда за жртвите мора да има

Читај повеќе

Отскочна даска #2: Дарија Јовановска избрана да чита на отворањето на Скопскиот поетски фестивал

Читај повеќе

46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

Читај повеќе