Младо момче од Скопје се удави кај Свети Наум

Нема видливи  повреди и траги на насилство врз безживотното тело што беше најдено вчера во водите на Охридското Езеро во близина на воениот камп „Св.Наум“, утврдено е при медицинскиот преглед извршен вчера околу 16 часот во амбулантата во Пештани.

Од увидот извршен од полициски службеници по претходно овластување од Јавен обвинител како и по извршеното препознавање од блиските пријатели, констатирано е дека се работи за Марко В. (24) од Скопје.

Неговото безживотно тело, вчера околу 14 часот и 20 минути е пронајдено од медицинска екипа од воената амбуланта во кампот, во езерските води на околу 20 метри од брегот.

Лекарите извршиле реанимација, по што, итно со медицинско возило телото е пренесено во амбулантата во Пештани, каде од доктор од амбулантата и од брза помош е констатирана смрт.  По наредба на Јавен обвинител, во текот на денешниот ден врз безживотното тело ќе биде извршена обдукција во Судска медицина при Медицинскиот центар во Битола. 

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе