Хроника

Младо момче пронајдено мртво во Драчево

18. август 2016 - 13:55 |

МВР соопшти дека вчера околу 22.40 часот во населба Драчево, Скопје е пронајдено мртво момче.

Во куќа на ул. „Илија Ристевски“ бил пронајден починатиот Б.Г. (21). Причините за смртта на момчето не се познати.

Увид на местото на настанот  извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по  наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Коментирај