ЕХФ ЕУРО 2022 УНГАРИЈА / СЛОВАЧКА

Младоста и неискуството - пресудни за старт со пораз од Словенија

Македонската репрезентација со пораз во добра игра го отвори Европското првенство и ѝ зададе доста проблеми на фаворизираната Словенија.

Пред натпреварот одекна голем пех во нашиот табор кога селекторот-играч Кирил Лазаров поради повреда отпадна од комбинација и беше само во улога на селектор.

„Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускула на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели“, објави РФМ попладнево.

И покрај тоа Македонија отвори одлично. Со фуриозна игра и одбрани на Томовски, Македонија поведе со 3:0, а потоа и со 4:1. Следуваше пад кога Словенците направија серија од 6-0 и поведоа со 7:4.

URL

Од тој момент константно водеа, а нашите ракометари успеаја во три наврати да дојдат до израмнување, сите во првиот дел кој заврши со 13:10 во корист на Словенија.

Вториот дел беше доста шаренолик. Словенија водеше и со +5, Македонија дојде и до -1, но младоста и неискуството беа клучни за да не се дојде до поволен резултат.

Натпреварот завбрши со резултат од 27:25 во корист на Словенија.

Се чини дека оваа Словенија заслужи да биде совладана, но имаше среќа нашата репрезентација да биде казнета од неискуството на младите, но полетни ракометари.

Најдобар во нашиот табор беше голманот Мартин Томовски кој одлично го замени Митревски. Успеа 12 пати да им одбрани на Словенците и постојано ја враќаше во игра нашата репрезентација.

Најефикасен на паркетот беше Цветан Кузманоски со 8 голови, по 5 постигнаа Филип Кузмановски и Јуре Доленец, а по 4 Филип Талески и Блаж Благотиншек.

Од нашата група вечерва играат Данска и Црна Гора.

Во 2. коло, кое е на програмата в сабота, Македонија ќе се соочи со Црна Гора во истиот термин од 18 часот.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе