Многу Ромки жртви на насилство чувствуваат дека да се биде добра жена значи да се трпи насилство

Битола, 7 март 2021 (МИА) – Семејното насилство врз жени се однесува на жените од сите заедници, но се чини ромската жена е поподложна на насилство и тоа веројатно е резултат на постоечките бариери за жртвите на кои им е потребна помош.

Ромската жена доживува семејно насилство во поголем интензитет поради двојната дискриминација, поради полот и етничката припадност, но и долгогодишното социјално исклучување од заедницата, вели м-р Фатма Бајрам Аземовска, претседателка на Здружение за развој на ромската заедница „Сумнал“-Битола.

Според истражување на Бајрам Аземовска, ромските жени посебно се подложни кон структурално насилство и се соочуваат со многу пречки при барањето помош, а одредени сложени бирократски процедури за обезбедување документи коишто ромската жена не е секогаш во можност да ги обезбеди, често ги оневозможуваат напорите на жените Ромки да си помогнат себе си.

-Дискриминација постои и денес. Таа кај Ромите остава длабока недоверба во институциите и колебливост за пристап до нив. Во напорите да ги подобрат своите животи и животите на своите деца, ромските жени се соочуваат со бројни потешкотии. Тие се борат со пречки кои што се дел од нивниот јавен, но и од нивниот приватен живот. Во нивните домови, ромските жени честопати ги искусуваат насилните ефекти од половата дискриминација додека нивните јавни животи се предмет на етничка нееднаквост и предрасуди. Не само што постојаното лишување од нивните граѓански права е неодбранливо, туку тоа е и голема пречка за успешен економски и социјален развој во општеството. Најчестите пречки за пријавување насилство се срамот и недовербата во институциите. Срамот е предизвикан од жигосувањето на оние што нудат помош за заштита од насилство. Тоа пак е честа причина за непријавување на насилство кај жени од сите етнички заедници во Северна Македонија. Недовербата во институциите е почеста кај Ромите заради искуства од минатото и оваа недоверба сѐ уште трае. Според моите истражувања и усни одговори на жените во врска со пречките за пријавување, тие најнапред го вклучуваат стравот од партнерот, потоа недостатокот на информации за достапноста на службите, патријархалните уверувања за насилството, економскиот и семејниот притисок и грижата за доброто на нивните деца. Жртвите ги загрижува и тоа дека помошта што би можеле да ја добијат би била краткотрајна и подоцна уште повеќе би ги влошила работите по нив и за нивните деца, заради очекуваната одмазда од страна на партнерот, нагласува Бајрам Аземовска.

Жените Ромки знаат за семејното насилство, но не се информирани за законите кои ги заштитуваат, како и за институционалните адреси од кои треба да побараат помош и заштита од семејно насилство. М-р Фатма Бајрам Аземовска препорачува Министерството за труд и социјална политика како и други институции и служби кои се посветени за надминување на проблемите од насилство врз жените, да ги искористат овие податоци и да преземат иницијативи, да развијат иновативни решенија и да обезбедат инклузивност на услугите.

-Лично сметам дека посебно ефикасни би биле обука и вработување на локални ромски жени за да вршат систематска, зачестена „врата до врата“ теренска работа во ромските заедници, која би овозможила информации за женските права и неприфаќање насилство, потоа ресурси за локалните жртви и како да се стигне до нив, законски права до услугите за жртвите и друга помош. Други креативни форми на достигнување кои биле успешно користени во многу земји меѓу руралното и маргинализираното население, и во таа смисла младите образовани и амбициозни лидери кои живеат во заедницата се особено значаен ресурс. Програмите во кои тие може да се вклучуваат се корисни и овозможуваат младината да се здобие со неопходно и практично искуство за лидерство. Но, исто така, потребна е идентификација на економски остварливи решенија, стручни и тренинг програми посебно за оние ромски жени кои ги напуштаат насилните партнери. Системот мора да се промени, за да се посвети на овие проблеми, вели Бајрам Аземовска.

Проблемите не се решаваат сами по себе, а податокот дека сѐ уште се говори за родова еднаквост и борба против насилство, и сѐ некако околу 8 Март, индиректно потврдува дека досегашните мерки повеќе биле декларативни отколку директни, затоа заклучува Бајрам Аземовска, програмирањето на родовата компетенција мора да собори извесни верувања кои ја оставаат жената во насилничка врска.

-Според моето истражување, многу жртви на насилство чувствуваат дека да се биде добра жена, добра сопруга или добра мајка, значи таа да се жртвува за семејството и да трпи насилство. Мајките кои ги „заштитуваат“ своите деца останувајќи во насилничко домаќинство, се небрежни и им наштетуваат на нивните ќерки „учејќи ги“ дека не се доволно вредни да живеат во безбедност, но, исто така им наштетуваат и на нивните синови со учењето дека да се биде вистински маж значи да се биде цврст, силен, па дури и насилен. Девојчињата и момчињата мора да имаат поздрава, помалку крута концепција за нивниот пол, и за сфаќањето што значи да се биде „маж“ или „жена“. За да се одгледа емоционално силен и продуктивен граѓанин, училиштата мора да се фокусираат на неопходните животни вештини кои им дозволуваат на децата да имаат функционални, ненасилнички врски. Истите вештини се потребни за здрава романтична врска со партнер која ќе ги култивира позитивните меѓугрупни врски во пошироки и социјални размери помеѓу етничките и религиозните линии.

Во подоцнежните години, нагласува Бајрам Аземовска, девојчињата и момчињата треба да знаат како да ги предизвикаат стереотипите, предрасудите и дискриминацијата, како и етнички мотивираните конзервативни погледи и омаловажувања, и недвосмислено да се борат против насилничките и емоционалните форми на насилство.

Марјан Танушевски

реклама

Живот

Како да препознаете лажно извинување?

Read more

Зошто ни се спие кога врне?

Read more

Три хороскопски знаци кои ги очекува финансиско подобрување во мај

Read more

Кој би можел да го наследи богатството на принцот Филип?

Read more
 

Магазин

Најдобрите љубовни комбинации во хороскопот

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот рецепт за посни крофни

Читај повеќе

Како да препознаете лажно извинување?

Читај повеќе

Брз и вкусен појадок: Банички со спанаќ

Читај повеќе

Зошто ни се спие кога врне?

Читај повеќе

Осуденик на смрт бара стрелачки вод наместо инјекција

Читај повеќе
  • play_arrow

Седум начини како да ја намалите болката по вежбањето

Читај повеќе

Идеја за десерт: Посна торта со јагоди

Читај повеќе
  • play_arrow

Што доколку Сонцето би го замениле со друга ѕвезда?

Читај повеќе