Мнозинството земји-членки на ЕУ поддржуваат почеток на преговорите со Македонија

Скопје, 26 мај 2018 (МИА) - Мнозинството земји-членки на ЕУ поддржуваат почеток на преговорите со Македонија, после решавање на спорот со Грција.  Македонија веднаш после решавањето на спорот околу името ќе стане членка на НАТО и со тоа уште позабрзано и пооодлучно ќе ги отвори портите на ЕУ.

Ова за МИА го соопштија од Владата во врска со „нон пејперот“ што беше објавен во медиумите во кој се вели дека Европската унија треба за следната пролет да го одложи почетокот на преговорите за членство во Унијата со Македонија и Албанија.

Од друга страна, додаваат, факт е дека постои дебата во ЕУ околу подготвеноста за ново проширување.

„Суштинските и коренити промени во земјата градат силни и услужни институции, праведна држава и силна економија за подобар живот на сите граѓани. Македонија е на вистинскиот пат, а темелните реформи се признаени од цела Европа и од сите земји-членки на ЕУ. Сите земји-членки на ЕУ сметаат дека Македонија треба да продолжи по овој пат и да го интензивира прогресот. За тоа говори и последната оценка на Европската комисија со која Македонија е оценета за најдобро рангирана во регионот на Западен Балкан и Турција за спроведување на препораките во економската програма за реформи“, велат од Владата.

МИА дознава дека документот не е на ЕУ, туку е на две нејзини членки, Франција и Холандија и е поврзан со различните погледи на земјите членки околу проширувањето на Европската унија. Изготвен бил пред Самитот ЕУ - Западен Балкан, што се одржа на 17. и 18 мај во Софија. Во меѓувреме по самитот околностите се сменети.

Во „нон пејперот“ пишува „За ПЈРМ, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е тукушто започната и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (заробена држава). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, и се повикува тоа да се земе во предвид, пред да се донесат какви било одлуки во врска со проширувањето.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе