МНТ ја најави новата сезона со првата проба за претставата „12“

Како што беше најавено, Македонскиот народен театар, новата театарска сезона 2024/2025 година ќе ја започне со отворање на новата сцена – летната сцена „Славиша Кајевски“, со патувања и гостувања надвор од државата, гостувања во МНТ, како и реализирање на премиерни изведби.

На 4 септември официјално започнаа подготовките за претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз.

Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.

Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8.

Во претставата, која е дел од годишната програма на националната установа МНТ за 2024 година, ќе игра моќна машка актерска екипа: Тони Михајловски, Никола Ристановски, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Владо Јовановски, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сенко Велинов, Ѓорѓи Јолевски, Александар Микиќ, Гораст Цветковски и Благој Веселинов.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото се на Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив.

Премиерата е закажана за октомври.

Списокот на претставите кои ги режирал Евтимов е обемен и разновиден, и во жанровска смисла и во однос на театарските куќи во кои работел. Хронолошки ги издвојуваме претставите кои ги има режирано во МНТ: „Едмонд“ (1996) од Дејвид Мамет, „Венко“ (2000) по текст на Благоја Ристески-Платнар, „Дипломец“ (2004), „Сомнително лице“ (2007) од Бранислав Нушиќ, „Така било пишано“ (2010) по текстот на Сашко Насев, (праизведба), „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ (2012) според Едвард Олби, и последните две комедии „Не се клади на Енглези“ (2014) според Владимир Гурѓевиќ – претстава која е на репертоарската програма веќе десетта година и сѐ уште ги полни салите, како и претставата „Мој термин“ (2019) по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева.

Тагови
реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Култура

Концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар ќе биде хуманитарен

Read more

Изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ поставена во Чифте амам

Read more

Светска премиера на симфониската суита Итар Пејо во Филхармонија

Read more

Женското рели денеска ќе ги размрда улиците во Скопје

Read more
 

Вести

ЗНМ: Неприфатлива е хајката на социјалните мрежи против Митовски

Читај повеќе

За 5 часа поради низа неправилности затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Читај повеќе

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Читај повеќе

Мирни собири за оддавање почит и барање одговорност за трагедијата во Кочани

Читај повеќе

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Читај повеќе

За трагедијата во Пулс тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Читај повеќе

Возел низ Скопје со над 100 км/ч и без важечка возачка дозвола

Читај повеќе

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Читај повеќе

Денес врнежи од дожд и умерен ветер

Читај повеќе