МО: На Криволак не се користи муниција со сиромашен ураниум, се шират лажни вести

Скопје, 17 август 2018 (МИА) - На полигонот за обука во Криволак не се користи муниција со сиромашен ураниум. Фотографиите што се објавени на некои од порталите се типични лажни вести, чија цел е да прошират паника и да предизвикаат отпор на граѓаните кон НАТО, велат од Министерството за одбрана. 

Експерти од Министерството нагласуваат дека досега на Армискиот полигон Криволак во ниту една прилика не е користена муниција со осиромашен ураниум. За последната обука што беше изведена со вооружените сили на САД,  се користела муниција за митралез со калибар 12,7 мм. Станува збор за зрно од олово обвиткано со кошулка од бакар. Бакарот, поради неговата боја, како што велат од Министерстово за одбрана, е искористен за да се спинува веста дека станува збор за муниција со осиромашен ураниум. Најмалиот калибар на муниција со осиромашен ураниум, додаваат од таму, е 30 мм. Министерството за одбрана и АРМ имаат развиено проект за заштита на животната средина  на Армискиот полигон Криволак и во целост се придржуваат по елаборатот со цел да не се предизвика какво било контаминирање на просторот.

Експерти од Министерството појаснуваат дека зрното со осиромашен ураниум се користи затоа што ураниумот има голема маса и брзина и кинетички дејствува на целта, ја пробива.

Таква муниција, велат, на пример користи авионот А10 за уништување на оклопот на тенковите. 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера на својот  фејсбук профил излезе со демант дека на Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум. 

- Ноторните лаги никому не се од корист. Граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести во пресрет на претстојниот референдум и официјализирањето на членството во НАТО, напиша Шекеринска вчера на својот профил на Фејсбук.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе