Модата е вечна: Одржливост и иновации на 29-тиот Моден Викенд Скопје

Моден Викенд Скопје се враќа со својата 29-та сезона во полн сјај, подготвен да ја редефинира модната сцена. Под мотото „Fashion Forever“, од 25 до 28 октомври, Културниот Центар Лабораториум во Скопје ќе биде домаќин на најзначајниот моден настан во регионот, кој ќе ја истакне бескрајната моќ на модата како културна и економска сила.

Ова издание ќе биде фокусирано на иновациите и одржливоста – теми кои ја обликуваат иднината на модната индустрија. Со особен акцент на креативната интерпретација, настанот ќе служи како платформа каде локалните таленти ќе се сретнат со глобалните трендови, додека традицијата и футуризмот ќе се преплетуваат во уникатен моден концепт.

FWSK29 започнува со специјална изложба курирана од Амбасадата на Шведска. Изложбата „Fashion. Forever.“ ќе ја нагласи циркуларната економија и еволуцијата на модната и текстилната индустрија, прикажувајќи ги најновите трендови, новите канали, иновативните алатки и бизнис модели. Главниот акцент на оваа сезона е поставен на одржливата мода, креирањето нови визии за модната иднина и ангажирањето на млади таленти кои преку свои уникатни решенија ќе покажат дека модата може да биде еколошки свесна.

Од изложбите кои ќе ја отворат програмата, до креативните панели и модните ревии, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во настани кои го поттикнуваат дијалогот за одговорноста на модната индустрија кон животната средина.

Моден Викенд Скопје е платформа за визионерите на модната иднина, каде секој чекор е инспириран од идејата дека модата е вечна, но секогаш прилагодлива на новите времиња и предизвици.

Не пропуштајте го овој исклучителен настан, каде што модата и културата се спојуваат во еден непрекинат тек на креативност и иновација.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Живот

Кои фактори влијаат на изгледот на вашето бебе?

Read more

Како да се ослободите од мирисот на мувла на крпите?

Read more

Кој е вашиот прв спомен од ГТЦ?

Read more

Дали е време да им раскинете на пријателите?

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека на вашето тело му е потребен зголемен внес на електролити

Читај повеќе

Кои фактори влијаат на изгледот на вашето бебе?

Читај повеќе

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Читај повеќе

Како да се ослободите од мирисот на мувла на крпите?

Читај повеќе

Кој е вашиот прв спомен од ГТЦ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Читај повеќе

Дали е време да им раскинете на пријателите?

Читај повеќе

Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Читај повеќе

Дали е можно да претерате со јадење домати?

Читај повеќе