Модата на Met Gala 2018
Првиот понеделник од месец мај традиционално ги спојува сите добри работи од полето на модата, музиката и филмот на Met Gala балот. Темата оваа година беше „Рајски тела: Модата и католичката фантазија“, па сите познати беа облечени во облеки кои изобилуваа со религиозни мотиви.
Ријана го привлече вниманието кон себе со нејзиниот фустан и круна која потсетуваше на онаа која ја носи Папата, додека Кејти Пери отиде чекор понатаму и носеше ангелски крилја кои беа високи околу два метри.