Авто новости

Model 3 доцни, a Tesla веќе планира производство на Model Y

12. април 2018 - 14:57 | М.Д.

Вториот електричен кросовер на Tesla, Model Y, би требало да стигне на пазарот во март 2020 година, додека пробното производство би можело да почне во ноември 2019 година.

Model Y кој е базиран на Model 3, ќе биде помал и поскромно опремен во однос на првиот кросовер на оваа компанија Model Х.

Во однос на тоа дека во последните месеци во фокус беа вестите околу проблемите кои го кочат производството на Model 3, приказната околу идниот Model Y паднаа во втор план.

Според најновите информации, од Tesla веќе им испратиле на своите кооперанти некои детали околу планот за изработка на нов кросовер, врз основа на кои може да се заклучи дека пробното производство ќе започне во ноември 2019 година, во фабриката во Фримонт.

Во однос на тоа дека Tesla планира Model Y, токму како и Model 3, да претставува голема серија на електрични автомобили, погонот Frimont нема да може да ги исполни барањата за производство на овие два модела.

Поради тоа, компанијата, дел од производството ќе мора да го пресели во нова фабрика, која, како што пренесуваат светските медиуми, најверојатно ќе се наоѓа во Кина.

Model Y ќе дели многу компоненти со Model 3, што би требало да ја олесни задачата на производителите во Tesla и да го забрза почетокот на производство на нов кросовер.

Коментирај