Модели го обвинуваат дизајнерот Александар Ванг за дрогирање, малтретирање и силување

Модниот дизајнер Александар Ванг е обвинет за дрогирање, сексуален напад и малтретирање.

Сè започна на крајот на минатата година. Instagram профилот @ShitModelMgmt на кој се објавуваат тајни од мрачната страна на модниот свет, на 28 декември објави дека Ванг е сексуален предатор. Неколку анонимни пораки беа споделени на профилот во кој луѓето пишуваа дека Ванг ги дрогирал против нивна волја, ги малтретирал и силувал. Седумнаесет дена порано, моделот и дизајнер Овен Муни го обвини Ванг дека недолично го допирал во ноќен клуб во 2017 година.

Кога Ванг ја започна својата компанија во 2007 година, тој речиси инстантно стана славен. Само две години подоцна, CFDA му ја додели годишната награда Сваровски за дизајн на женска облека, истакнувајќи ја неговата „естетика на манекенка во центарот на градот во нејзиното слободно време“ како изглед на сезоната.

Тој беше назначен за креативен директор на Баленсијага во 2012 година и со тоа стана еден од ретките Американци на врвот на луксузната модна куќа во Париз. Познати дами го избраа неговиот дизајн за најпознатите забави, како што е Мет Гала, а Ванг одеше со нив на црвениот тепих и така ја изгради својата слава.

Првите гласини за несоодветно однесување се појавија во 2017 година. Потоа беше обвинет за сексуално злоставување од страна на транссексуалци.

Пејачката Флоренс Велч за Vanity Fair во 2016 година изјави дека Ванг честопати им дава вотка на луѓето лажејќи дека е вода, а потоа се „правда“ велејќи дека тоа е „во духот на забавата“. Во 2019 година, Азеалија Бенкс објави видео во кое Ванг несоодветно допира транссексуални жени. Обвинувањата против него дури сега беа сфатени сериозно, откако ги пренесоа Instagram профилот @DietPrada и медиумите The New York Times, The Guardian и Business of Fashion.

Откако и Vogue се заинтересира за приказната, Ванг проговори.

„Прво сакам да им се обратам на луѓето кои ми помогнаа да го изградам овој бренд во она што е денес и да кажам нешто за лажните, измислени и претежно анонимни обвинувања против мене. Иако отсекогаш сум бил активен во општествениот живот и одев на собиранки, забави и концерти на кои имало алкохол и други, спротивно на она за што сум обвинет, никогаш не сум искористувал други во сексуална смисла, ниту сум ги присилувал на нешто. Никогаш не сум ги користел статусот и славата за тоа. Овие неосновани обвинувања започнаа на социјалните мрежи, а ги отворија профили кои упорно ја игнорираат важноста на доказите и проверката на информациите. Мој приоритет е да докажам дека овие обвинувања се лажни и мотивирани од опортунистички мотиви. Важно е да го кренете гласот, но исто така е важно обвинувањата да се точни. Нашиот тим прави сѐ за да истражи овие обвинувања и ветуваме дека ќе останеме искрени и транспарентни во текот на процесот. Среќни сме што имаме поддршка од сите страни, сакаме да им се заблагодариме на нашите вработени, клиенти и колеги кои застанаа покрај нас“, рече тој.

Како што пренесува Vogue, лицата кои го обвинија Ванг планираат да бараат правда на суд, а адвокатката што ја застапува една од наводните жртви е Лиза Блум, која веќе подолго време се занимава со вакви случаи.

„Модната индустрија одамна требаше да се справи со честата и вознемирувачка злоупотреба на моделите. Во последниве години, застапував многумина кои ги обвинија Пол Марсијан, Брус Вебер и други. Моделите не се реквизити, тие ги имаат истите права како и другите луѓе“, напиша таа во нејзиниот e-mail до Vogue.

Александар Ванг (лево) / Овен Муни (десно)

„Во изминативе години не го криев тоа што ми се случи. Отсекогаш сум ги споделувал тие работи со семејството и пријателите и повеќето од луѓето кои ми се блиски знаат што се случило. Шокиран сум од фактот дека не сум единствената жртва. Сметам дека е важно да се поддржуваме едни со други и јавно да го обвиниме“, рече Овен Муни.

Алис Барлоу, директорка на ПР компанијата што го застапува Ванг, тврди: „Работев на бројни ревии на Александар Ванг и можам да посведочам само за пофалби за него и за неговата професионалност.“

реклама

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе