СЕДУМНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ /ПРОЛЕТ-ЛЕТО/2018

Моден викенд Скопје: Студентите од ЕУРМ одржаа лекции по мода

Иднината на македонската модна сцена од синоќа изгледа многу посветла. Втората вечер на Моден викенд Скопје ја отвори заедничката ревија на студентите од Факултетот за арт и дизјан при ЕУРМ, наречена „Text me“ за пролет-лето 2018, на која петнаесет студенти ги прикажаа своите креации и блеснаа како нови ѕвезди на сцената.

За љубителите на модата нема ништо повозбудливо да видат нов, инвентивен дизајн од млади дизајнери со чиста визија за нивниот израз и беспрекорност во изведбата. Во овој поглед, синоќа најсјајно засветија студентите Анастасија Чадо, Марија Дибаџио и Ана Коцевска. Чадо внесе свеж здив од иновативност во третирањето на машката силуета и не се плашеше да посегне по храбар микс на бои и форми, Дибаџио му даде нов живот на спортскиот стил со футуристички вибрации, додека Коцевска направи успешен спој на безвременската класика во нова, модерна силуета.

Потоа публиката ја виде колекцијата на „BERNASARACI“ од Косово наречена симболично „0000“.  

„Колекцијата ја карактеризираат чисти кроеви, прилично лежерен став но сепак извикува софистицираност и моќ. Да изгледаме стилизирано и да се чувствуваме во нашата кожа е мојот најважен тренд. Тоа е причината зошто колекцијата има тенденција да покаже микс на спортска и елегантна урбана девојка. Таа е самоуверена и нема потреба од многу труд за да ја покаже својата личност“, вели дизајнерката Сарачи.

Најновата колекција на „Atelier Kocareva“ која беше прикажана на вчерашната ревија е наречена „Boundless“.

„Моите модели се наменети за жената која дефинира свој личен стил и одбива да се вклопи во стереотипите во животот и модата. Таа е таму каде што сака да биде, самостојна, реализирана и ужива во поместување на границите на модните наметнувања. Целата колекција изобилува со свечени комбинации во 3 бои, парчиња со нагласен струк, голи раменици, набори, транспарентни делови и слично“, рече Коцарева за својата нова колекција. 

И за крај на вечерта публиката ги вие моделите на „Pallada“ и колекцијата „El sueno“.

„Колекцијата која ја работевме заедно со мојата мајка, Снежана Палада е составена од 15 креации уникатни и рачно изработени. „El Suеñо“ што од шпански се преведува како „Сонот“, е произлезено од темата на самата колекција. Викторија Еугенија, шпанската кралица во дваесетите години на минатиот век инспирирани од тогашната мода која таа самата ја претставила во јавноста преку нејзините кралски фустани, со премногу детали а сепак едноставни и безвременски.“, вели Алек Палада.

Седуманесеттиот Моден викенд Скопје кој започна на 30 март завршува вечерва.

Фото: Ани Дими

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе