Трета доза на постоечката вакцина на Moderna, како и нова верзија што е експериментална, го зајакнува имунитетот против бразилските и јужноафриканските соеви на коронавирусот, соопшти компанијата.
Податоците се добиени врз основа на истражување во кое учествувале 40 лица. Дополнителна доза на вакцина дадена на волонтери кои претходно примиле две дози на вакцината на Moderna, исто така, го зајакна имунитетот против оригиналната верзија на коронавирусот.
„Ние сме охрабрени од овие нови податоци, што го зајакнува нашето верување дека нашата стратегија за вакцинација треба да обезбеди заштита од нови варијанти на COVID-19“, рече Стефан Бансел, извршен директор на Moderna.