Модерната технологија открива: Кој ги напишал свитоците од Мртвото Море?

Автентичноста на свитоците на Црното Море не е доведена во прашање, но научниците сè уште не можат да се договорат за тоа кои биле авторите.

Ноември 1964 година. Сонцето полека заоѓа над јудејската пустина, додека тројца бедуини се подготвуваат да бараат изгубена коза во ридовите во близина на Мртвото Море. Додека се искачувале по голите височини, наместо животно наишле на неочекувано откритие, кое ќе се покаже како дел од еден од најважните религиозни текстови во античкиот свет.

Свитоците од Мртвото Море. До денес, во 11 пештери се откриени околу 100.000 фрагменти од околу 900 ракописи и никој не може да гарантира дека во иднина нема да бидат направени нови откритија. Текстовите се напишани на животински пергамент и папирус, иако околу 100 од нив потекнуваат од хебрејската Библија, повеќето од нив не се канонизирани и даваат увид во историјата на јудаизмот и христијанството. Свитоците се проценува дека се стари околу 2.000 години, а иако нивната автентичност не е спорна, она што останува мистерија е нивниот автор.

Првите теории

Една од првите теории изнесени во средината на XX век од францускиот археолог Ролан де Во е дека авторите на овие древни текстови биле Есените, еврејска монашка секта која живеела во блискиот пустински комплекс Кирбет Кумран. До овој заклучок дошол кога ги споредил новооткриените свитоци и делата на историчарот од I век од нашата ера по име Флавиј Јосиф, кој пишувал за овие монаси.

Како главен доказ му послужил делот во кој Јосиф пишува дека во петтиот час „облекле бели превези, по што ги капеле телата во ладна вода“. Навистина, де Во и неговиот тим ископале голем број миква'оти кај Кирбет Курман. Ископувањата потврдија дека ритуалните базени со бањи добивале до 320 литри дожд или морска вода, што би им овозможило на членовите да се потопат во него во одредени периоди од денот.

Освен бањите, Јосиф спомнал и дека овие монаси „вложуваат големи напори во проучувањето на списите на древните луѓе и од нив избираат што придонесува за благосостојбата на душата, како и на телото“. Според Ролан де Во, тоа укажувало само на едно - дека авторите на свитоците биле Есени од Кумран.

Идентитетска дискусија

Многу научници денес ја оспоруваат оваа теорија, а еден од нивните главни аргументи е дека многу побожни Евреи практикувале ритуално потопување во миква'от. Дополнително, Јосиф ги опишува Есените како урбан феномен, а не како заедница на пустинци. Затоа, тврдат тие, поверојатно е дека многу - ако не и сите - свитоци биле напишани од професионални книжници од Храмот во Ерусалим.

Оваа теорија прв пат беше изнесена во 1960 година од германскиот теолог Карл Хајнрих Ренгсторф, кој тврдеше дека свитоците мора да биле дел од обемната библиотека во Храмот. Додека американскиот научник Норман Голб отишол чекор подалеку и предложил дека свитоците биле пренесени од бројните библиотеки во Ерусалим и Јудеја, откако римската војска под команда на генерал Тит се приближила до Ерусалим околу 70 година од нашата ера.

Најсовремените анализи спроведени на холандскиот универзитет во Гронинген во текот на 2021 година ја поддржуваат оваа теорија. Резултатите сугерираат дека различните форми на писмото и начинот на држење на перото укажуваат дека повеќе од еден писар работел на истата Книга на Исаија. Покрај овие разлики, идентификувани се и суптилни промени во јазичниот стил.

Друго важно прашање е присуството на дупликати, бидејќи зошто некој би копирал повеќе од една верзија на текст ако тие се наменети за локална употреба? Се чини дека свитоците претставуваат речиси целосна збирка на хебрејски текстови, па се чини дека авторите припаѓале на позначајна заедница отколку на членови на отцепена секта.

Дали е можен компромис?

Најновите теории споменуваат дека авторите на некои од свитоците од Мртвото Море веројатно биле и Есени. Додека новото истражување сугерира дека за време на римската опсада на Ерусалим, Евреите најверојатно избегале низ канализацијата на безбедно. Информации кои секако отвораат можност дека покрај пронајдената керамика и монетите од канализацијата, можеби со нив патувале и некои свитоци од Мртвото Море.

Во прилог на „теоријата за компромис“ како што многумина ја нарекуваат, говори и керамиката во која се пронајдени свитоците, чиј хемиски состав укажува дека половината е изработена од глина од Кумран, додека другата половина е направена во друга област.

Тагови
реклама

Грците бесни на бојата на новите кошаркари: Ова не е наша репрезентација

Read more

Короната има нов симптом - заразените не се ни свесни дека е од вирусот

Read more

Ален Исламовиќ не се вика Ален, си го сменил името за подобра кариера

Read more

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

Вести

Доаѓа омилениот спектакл на ноќното небо: Како се откриени Персеидите и како го добиле името?

Read more

Роботот MIRA ќе може да врши операции на МВС

Read more

Маск го предизвика извршниот директор на Twitter на јавна дебата за ботовите

Read more

Русија ќе ги шпионира Американците и во вселената

Read more
 

Гик

Тензиите меѓу Кина и Тајван го одложуваат излегувањето на iPhone 14?

Читај повеќе

Што е madware и како да се заштитите од него?

Читај повеќе

Instagram ќе тестира високи фотографии како Reels

Читај повеќе
  • filter

Доаѓа омилениот спектакл на ноќното небо: Како се откриени Персеидите и како го добиле името?

Читај повеќе

Екстензии за Chrome и Edge крадат мејлови на корисниците

Читај повеќе

Зошто не треба да го полните телефонот на јавни места?

Читај повеќе

Роботот MIRA ќе може да врши операции на МВС

Читај повеќе

Маск го предизвика извршниот директор на Twitter на јавна дебата за ботовите

Читај повеќе

Русија ќе ги шпионира Американците и во вселената

Читај повеќе