Секој февруари во Њујорк се одржува модно шоу за миленици, кое го најавува почетокот на Модната недела во „Големото јаболко“. Целта на ревијата е да се покажат модерни парчиња облека намената за миленици, но и да се вдомуваат миленици, да се донираат средства и да им се помага на помалку среќните животни.
Врвна мода за миленици чекори на меки шепи во историскиот хотел Пенсилванија во Њујорк, каде луѓето ги носат нивните омилени крзнени пријатели, кои се облечени во луксузни парчиња облека со цел да го привлечат вниманието на публиката, а можеби и да соберат некоја донација.