Скапите автомобили и брендираната облека отсекогаш биле заштитен знак на елитата. Меѓутоа, оваа пракса сѐ почесто се напушта и модерните богаташи сега трошат на безбедност и приватност, подобро здравје и на квалитетно образование.
Во ера во која без разлика на социјалниот статус, секој може да дојде до парче на некој луксузен бренд, богаташите не се фокусираат на материјални добра, туку преку нематеријални средства го истакнуваат нивниот статус на елита.
Авторката Елизабет Карид-Халкет го нарекува ова „непрописна потрошувачка“ во нејзината книга со наслов „The Sum of Small Things: A Theory of an Aspirational Class“.
Ова е најсилно изразено во САД, каде е забележано значително намалување на потрошувачката на материјални добра од 2007 година наваму, објави Business Insider.
Ова не е растечки тренд само кај милионерите и милијардерите, туку почнува да се одразува и на „работничката класа“.
„Новата елита го цементира својот статус со надградување на образованието и градење на културен капитал, а не посветува големо внимание на материјалните вредности. Избегнувајќи го отворениот материјализам, богатите сѐ почесто вложуваат во образование и подобрување на здравјето, што вреди многу повеќе од која било дизајнерска чанта или автомобил“, вели Карид-Халкет.
Таа истакнува дека културниот капитал е она што во моментов ја издвојува елитата погоре на општествената скала.