Модерните пензионери од Тајван кои го освоија Instagram
Годините не треба да се пречка за ништо, особено не за да се облекувате со стил.
Оваа двојка пензионери од Тајван најдобро го докажува тоа. 83-годишниот Ван-Ѓи и неговата 84-годишна сопруга Шо-Ер ја открија нивната модна страна на постари години, но тоа само придонесе да станат омилената модерна двојка на Instagram.
Двајцата позираат во комбинации од облеки кои луѓето ги заборавиле и не ги подигнале од нивната пералница. Тие составуваат неверојатни модни комбинации и што е најважно – ги носат со оригинален стил!