Модна недела во Милано - што може да научиме од уличниот стил?
Впечатливи бои не недостигаат, ниту атрактивни модни детали.
Модната недела во Милано започна на почетокот на неделата, а љубителите на модата се интересираат за креациите што можеме да ги видиме на пистите, како и за комбинациите од уличниот стил во италијанскиот град.
Стилистите фаќаа модни белешки по улиците на Милано - град за кој многумина сметаат дека е највлијателната европска престолнина на модата – па еве ги и лекциите што можеме да ги научиме.
Дамите кои ги посетија ревиите на реномирани италијански дизајнери, исто така блескаа во нивните варијанти на облека и можеме да забележиме дека елеганцијата доминира во моментот – припиени фустани и здолништа, преголеми блејзери, панталони со висок струк, сите нијанси на кафеаво, ретро сакоа со нагласени раменици и детали во златна боја доминираа на улиците во Милано. Тренд на сезоната: повеќеслојни комплети во иста боја и/или дезен од глава до пети.