Модни близнаци: Бон и Пон се најдобро облечените пензионери на Instagram
Нивните модни комбинации совршено си одговараат, исто како и нивните имиња во ритам и рима – Господин Бон и Госпоѓа Пон се пензионерска двојка од Јапонија што го освои Instagram.
„И двајцата имаме побелена коса, па си рековме дека би било интересно кога би ги координирале и нашите модни изгледи, па почнавме да носиме облека со исти бои и дезени“, рече Пон за BuzzFeed.
Двојката има 830.000 следбеници на Instagram, а во модните авантури понекогаш им се приклучува и ќерката.
Што ќе облечат следно е секогаш прашање на договор, а тоа не е тешко бидејќи имаат сличен вкус и омилени бои и комбинации.