Модни утки кои ја одбележаа 2021 година

Зад нас е уште една луда модна година, а покрај модните откритија наидовме и на тотални неуспеси. Ова се некои од утките кои ја одбележаа оваа година.

Кјара Ферањи

Една од најпознатите инфлуенсери во светот со оваа комбинација го „извалка“ својот моден вкус. Тантелниот комбинезон предизвика лавина коментари и поделени мислења на нејзините следбеници. Но, Кјара го предвиде тоа, додавајќи на описот: „Подготвена за вашите критики“.

Џиџи Хадид

На модната недела во Милано, манекенката Џиџи Хадид се појави во комбинација која ја идентификуваше со диско топка. Неонските панталони ги спои со сатенска блуза во слични бои, а за да потврди дека не мисли дека ова е погрешен избор - ги истакна и очите со дреч бои.

Пријанка Чопра

Друга дама која исфорсира чипка е актерката Пријанка Чопра. Иако важи за едно од најубавите лица, понекогаш онаа „која е убава – убава е“ едноставно не може да биде оправдување. Ви препорачуваме да ја избегнувате оваа комбинација.

Ким Кардашиан

Сите се сеќаваме на модниот избор на Ким Кардашиан на овогодинешната Мет Гала. Она што е најинтересно е што кога се појави таа се запрашавме дали некој залутал на оваа церемонија. И покрај тоа што доби многу критики, Ким воопшто не беше погодена.

Гвен Стефани

Пејачката Гвен Стефани е позната по својот впечатлив и храбар моден вкус. Со змискиот сет уште еднаш ја покажа својата храброст, но за тоа доби само критики.

Сара Џесика Паркер

Познатата „Кери Бредшо“ многумина ја сметаат за модна икона, но оваа година докажа дека и таквите луѓе грешат. Ја шокираше јавноста со изборот на чевли, а единствениот начин на кој критичарите можат да ја опишат е тоа што е крајно старомодна.

Хајли Бибер

За некои, фокусот не беа чевлите, туку чорапите - и тоа со влечки. Еден од најомразените, но „најмодерни“ изгледи оваа година го понесоа многумина, а меѓу нив е и сопругата на Џастин Бибер.

Мадона

Мадона често е мета на критики особено поради нејзините модни избори. Кога ќе го погледнеме овој аутфит, единственото нешто што можеме да се запрашаме е: „Што ли ѝ било на ум?“. Сепак, мрежести чорапи, тесен корсет и скинато здолниште не беа доволни, па сето тоа го зачини со круна со натпис „Еб*те се“.

Бела Хадид

Бела Хадид е позната по својот лежерен стил, но овој пат како малку да претера. Иако секогаш е во мода, комбинирањето на сите трендови во една комбинација произведе само контра ефект.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе