Модниот избор на Met Gala балот
Met Gala балот е дефинитивно еден од најголемите модни настани во годината, кога на едно место присуствуваат дизајнери, актери, пејачи, уредници и други познати личности кои секоја година се облечени во гламурозни креации.
Целта на овој настан е од хуманитарен карактер, Met Gala е голема фондација на која се собираат пари за познатиот Мет Музеј. Традиционално, настанот се одржува во Метропол музејот за уметност. Годинешната модна тематика му оддава признание на јапонскиот дизајнер Реи Кавакубо, кој стои зад брендот Come des Garcons.