ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Модриќ добил понуда што не се одбива, се сели во Саудиска Арабија

Лука Модриќ решил да го напушти Реал Мадрид, откако добил неверојатна понуда од понуда од Саудиска Арабија, ексклузивно објави шпански Okdiario. За еден месец, Модриќ ќе биде слободен играч.

Капитенот на хрватската репрезентација доби понуда од 120 милиони евра за три сезони во Саудиска Арабија. Од друга страна, Реал на 37-годишниот играч за врска му нуди едногодишен договор наводно вреден 10 милиони евра.

„Драматичен пресврт. Модриќ најверојатно ќе се збогува со Реал и 'Сантјаго Бернабеу' в недела на натпреварот против Атлетик. Тој веќе го известил Реал дека има намера да замине. Делуваше дека ќе остане, но потоа Саудијците дојдоа со уште подобра понуда од порано и го натераа да го промени мислењето“, пишува новинарот Педро Антолинос.

„Реал веднаш по објавата на Модриќ започна преговори со Дани Себаљос и ќе се обиде да го задржи во клубот. И договорот на Себаљос истекува за еден месец. Пристигнува и Џуд Белингам, па ќе ја пополнат празнината што ќе настане по заминувањето на Модриќ.

Да потсетиме, претходно Кристијано Роналдо замина во Саудиска Арабија и го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот. За две години ќе добие околу 400 милиони евра. Најверојатно по неговиот пат ќе тргне и соиграчот на Модриќ, Карим Бензема, на кого Саудијците му нудат иста сума како Роналдо.

Модриќ е во Реал од 2012 година. Со години беше еден од клучните играчи, но од клубот му порачаа порачаа дека следната сезона, доколку го продолжи договорот ќе има помала минутажа поради доаѓањето на Белингем.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Фудбал

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Read more

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Read more

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Read more

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Онана направи нов кикс, па се извини: Јас сум крив што загубивме од Баерн

Читај повеќе

Дембеле синоќа постави срамен рекорд во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Зад голот на голманот на Лацио се крие интересна приказна

Читај повеќе