Фудбал

Модриќ ги отфрли гласините дека застанал во одбрана на Интер

20. август 2018 - 15:57 | МИА

Мадрид, 20 август 2018 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ги отфрли гласините дека застанал во одбрана на Интер во судирот меѓу двата клуба.

Претходно, италијанскиот весник „Газета дело спорт“, објави дека хрватскиот репрезентативец сам се понудил на Интер, а не дека клубот од Милано го направил првиот контакт со него.

Според весникот, Модриќ го овластил неговиот агент да стапи во контакт со раководството на италијанскиот клуб и да преговара за трансфер, бидејќи сакал да игра со соиграчите од репрезентацијата Марсело Брозовиќ, Иван Перишиќ и Шиме Врсаљко.

„Тоа е најголемата глупост во историјата“, кратко ги прокоментира Модриќ гласините дека застанал во одбрана на Интер.

Во меѓувреме Реал Мадрид поднесе тужба против Интер, бидејќи италијанскиот клуб започнал преговори со менаџерите на фудбалерот без дозвола на неговиот матичен клуб.

Преодниот рок во Италија заврши на 17 август, а сагата на хрватскиот фудбалер за евентуално негово преминување во Интер доби епилог со предлог за нов договор од Реал.

Коментирај