Фудбал

Модриќ: Не се гледам себеси како тренер

11. јуни 2019 - 17:04 | МИА

Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ е амбициозен да му помогне на „Кралскиот клуб“ и во следната сезона.

– Се чувствувам добро, иако оваа сезона не беше добра, признавам. Сѐ уште имам сили за Реал Мадрид. Ќе дојдат одлични играчи. Тоа е она што ни треба. Се надевам дека ќе одиграм силна сезона, се надевам дека и Реал Мадрид ќе има силна сезона. Очекувам да се претставам на високо ниво, изјави актуелниот освојувач на Златната топка.

Тој додаде дека не размислил што точно ќе прави по крајот на кариерата.

– Сакам да останам поврзан со фудбалот, но не знам како. Кога мислам на ова, јас не се гледам себеси како тренер, тоа не е она што го сакам. Само кога ќе помислам колку ги боли глава од фудбалерите … За сега, размислувам самона тоа да уживам во играта, додаде Модриќ.

Коментирај