Фудбал

Модриќ постави рекорд на Светското првенство

13. јули 2018 - 13:56 | А.С.

Лука Модриќ е еден од кандидатите за освојување на Златната топка, награда за најдобар фудбалер на светот, а неговата игра на Мундијалот ви Русија освои милиони обожаватели на фудбалот ширум светот.

Капитенот на хрватската репрезентација одушеви со играта во Русија. Водачот на репрезентацијата на селекторот Златко Далиќ и најдобар играч во тимот на „коцкестите“ покажа храброст кога го изведуваше пеналот против Данска, откако само неколку минути претходно промаши друг пенал, а сега се појави податок што го цементира неговото место меѓу најдобрите.

Никој на првенството во Русија нема истрчано на теренот колку Лука Модриќ. На шест натпревари, 32-годишниот играч за врска на Реал Мадрид истрча дури 63 километри.

Во изминатите десет дена играше вкупно 358 минути, а по елиминирањето на Англија изјави дека е физички потполно спремен за финалето со Франција во недела.

Коментирај