„Мојот маж“ на сцена во Словенија: Жените не мора да се суперхерои за да бидат еднакви

Во Словенечкиот народен театар – Драма Љубљана беше поставена претставата „Мојот маж“ според расказите на Румена Бужаровска. Во согласност со здравствените протоколи, минатата недела се одржаа три претпремиери и три премиери (на 8, 9 и 10 октомври) пред публика од по 80 гледачи по претстава.

Фото: Петер Ухан, СНГ Драма, Љубљана

Според критиката, претставата моќно ја доловува положбата на жените соочени со специфичниот патријархат на Балканот.

Ника Корењак ја споредува македонската писателка со Симон де Бовоар, велејќи дека тоа што Бовоар го сторила за жените во светски рамки, Бужаровска го прави на Балканот.

Режијата на претставата е на словенечката режисерка и писателка Ивана Ѓилас, која заедно со преведувачката и драматуршка Ана Душа ги адаптира расказите на Бужаровска за театарската сцена.

Фото: Петер Ухан, СНГ Драма, Љубљана

Како коментар на реалистичните ликови во балканската средина, Ѓилас вели дека „ќе постигнеме родова еднаквост кога ќе дозволиме подеднаков број глупави жени да бидат на раководните функции што сега им се дозволени на мажите.“

– Ова ќе се случи ако престанеме да бараме од жените да бидат суперхерои. А расказите во „Мојот маж“ се токму такви, вели режисерката.

Актерската екипа ја сочинуваат: Ива Бабич, Силва Чушин, Маша Дерганц, Петра Говц, Сабина Коговшек, Маша Кагао Кнез, Саша Михелчич, Маруша Мајер, Саша Павчек и Барбара Жефран.

„Мојот маж“ останува на репертоарот на СНТ – Драма Љубљана во текот на октомври и целата наредна сезона.

Фото: Петер Ухан, СНГ Драма, Љубљана

Во февруари годинава, Драмскиот театар во Скопје постави продукција на „Мојот маж“ на македонски во режија на Нела Витошевиќ.

Румена Бужаровска (р. 1981, Скопје) е една од најчитаните автори во регионот. Нејзината книга „Мојот маж“ има продадено тираж од 10,000 примероци само во Србија. На македонски јазик, „Мојот маж“ досега имаше шест изданија.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Култура

Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Read more

Хуманитарна изведба на Торонто експрес во МНТ: Театарот игра за СОС Детско село

Read more

Настан со народни ора и песни, носии и ракотворби во Паркот на Франкофонијата

Read more

Охрид СОС: Локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во ѓубриште

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе